Приведени 17 малолетници по полноќ поради девијантно однесување
20.04.2026 18:19
| Сузана Николиќ
Полицијата ноќеска по полноќ привела 25 лица, од кои 17 малолетници на неколку локации во градот, заради спречување на девијантно однесување.
„Врз основа на претходно изготвен план, во периодот од 00:00 до 02:00 часот, полициски службеници презеле превентивни мерки за спречување на девијантни појави кај малолетници. Извршени се контроли на неколку локации во централното градско подрачје, при што биле легитимирани 25 лица, од кои кај 17 било утврдено дека се малолетни. Тие биле предадени на нивните родители“, соопшти МВР.