Приведени чешки државјани, без дозвола снимале со дрон
19.07.2025 15:59
| KumanovoNews
Полицијата вчера привела шестмина чешки државјани затоа што без дозвола снимале со дрон во липковско.

„Во 16.30 часот полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода шест државјани на Република Чешка на возраст од 30 до 40 години. Тие биле затекнати кај браната во општина Липково како неовластено снимаат со дрон. Сите биле приведени во полициска станица, известен е надлежен ЈО, а по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветен поднесок, информираа од полицијата“, соопшти МВР.