Приведени две лица - превезувале огревно дрво без соодветна документација
15.10.2025 14:07
| KumanovoNews
Две лица вчера биле фатени додека превезувале огревно дрво во кумановското село Тромеѓа.

Во 18:00 часот при преглед на товарно моторно возило било констатирано дека пренесуваат огревно дрво без соодветна документација.
Дрвата ги превезувале 26-годишник и 19-годишник од кумановско село.
Тие се приведени во Полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе следуваат соодветни пријави, соопшти МВР.