Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Полициски службеници од СВР Куманово вчера во 16 часот ги лишиле од слобода О.Р.(33) и Р.Р.(26), двајцата од Куманово.
Тие се сомничат дека истиот ден извршиле кражба од приватен имот во с. Доброшане, кумановско, при што одзеле повеќе предмети.
Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава.