Приведени мајки додека питачеле со малолетни деца
18.11.2025 12:14
| KumanovoNews
Полициски службеници од СВР Куманово, во соработка со Центарот за социјални работи – Куманово, по претходно изготвен план, привеле неколку мајки кои биле затекнати како питачат со своите малолетни деца.
„Приведени се С.А. (28), Т.Џ. (42) и С.Б. (33), сите од Куманово, како и С.С. (27) од Скопје, затоа што биле забележани додека питачеле со нивните малолетни деца. Против нив ќе бидат поднесени кривични пријави за „запуштање и малтретирање на дете“ по член 201 од Кривичниот законик“, соопшти МВР.

