×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Приведени неколку лица за убиството во Бедиње

    24.07.2015 08:43 | KumanovoNews

    Бајрам Лимани, в.д. претседателот на разгранокот на ДУИ во Куманово, еден од осомничените за убиството на Џемаил Реџепи, командант Шипоња се предал на полицијата.

    Приведени неколку лица за убиството во Бедиње

    Во инцидентот според полицијата учествувале осуммина, тројца од едната и пет од другата страна. Меѓу петтемина биле и убиениот и повредените.

    Синоќа полицијата обезбедила четворица од учесниците и двајца очевидци.

    Во моментов трага по уште едно лице.  Според информациите од полицијата во кафулето каде што се случил инцидентот има видео камери на кои што се било снимено.

    Лимани учествувал во расправијата која преминала во вооружена престрелка во која едно лице било убиено и едно рането.

    Пред предавањето на полицијата, Лимани за ТВ Алсат изјави дека тој и неговите колеги биле нападнати и дека делувале во самоодбрана.

    Во инцидентот биле ранети двајца поддржувачи на Шипоња, Шефки Реџепи и Гани Демири.

    Бајрам Лимани пред еден месец беше именуван за претседател на огранокот на ДУИ во Куманово од претседателот на ДУИ, Али Ахмети. Реџепи не се согласуваше со ова именување, и бараше претседателот на огранокот да биде избран на редовно изборно собрание.