×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Приведени петмина малолетници за напад на средношколците на автобуската постојка во Куманово

    06.12.2024 16:08 | KumanovoNews

    Кумановската полиција привела петмина малолетници од Куманово, кои во понеделникот нападнале нивни врсници во центарот на Куманово. 

    Приведени петмина малолетници за напад на средношколците на автобуската постојка во Куманово

    „Тие се сомничат дека на 02. декември на булевар „Трета македонска ударна бригада“ во Куманово физички нападнале неколку други малолетници. По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци“, соопшти МВР.

    Еден од нападнатите средношколци се здобил со повреда на главата од метален боксач, по што побарал лекарска помош.

    Нападот се случил додека учениците чекале автобус пред зградите на т.н. Серава, каде наишла група од млади луѓе со маски - фантомки на главите. Прво дошло до меѓусебни дофрлања, по што настанала тепачка.