×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Приведени петмина возачи, четворица возеле пребрзо, еден под дејство на алкохол

    14.04.2025 12:42 | KumanovoNews

    Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово, вчера привеле пет лица поради тоа штопребзо возеле или биле под дејство на алкохол.

    Приведени петмина возачи, четворица возеле пребрзо, еден под дејство на алкохол

    „М.П. (52) од Куманово бил лишен од слобода затоа што при контрола на патниот сообраќај било констатирано дека управувал патничко моторно возило „фолксваген туарег“ со брзина од 94 километри на час во населено место каде што дозволената брзина е 40 километри на час. Кај  Ј.Н.(50) од Крива Паланка било констатирано дека управувал патничко моторно возило „фолксваген тигуан“ со брзина од 99 километри на час во населено место, каде што дозволената брзина е 40 километри на час. С.С.(18) од Куманово управувал патничко моторно возило „фиат“ со брзина од 91 километри на час во населено место каде што дозволената брзина е 40 километри на час.

    Додека, А.А.(40) од Куманово управувал патничко моторно возило „порше“ со брзина од 102 километри на час во населено место каде што дозволената брзина е 40 километри на час. С.В.(38) од Скопје бил лишен од слобода затоа што управувал патничко моторно возило „фолксваген голф“ под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2.17 промили алкохол во крвта.
    По целосно документирање на настаните, против лицата ќе биде поднесена пријава по член 297А од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило““, соопши МВР.