Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Две лица се приведени во Полициската станица, поради физичка пресметка со неколку малолетници во парк во Куманово.
„Во 21.52 часот полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода К.К. (18) и М.Д. (19) од Куманово, затоа што во парк "Соколана" во Куманово учествувале во нарушување на јавен ред и мир со физичка пресметка помеѓу нив и неколку малолетници. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни пријави“, соопшти МВР.