×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Привремено да се затвори гинеколошко-акушерското одделение во Кумановската болница, бара Општинскиот штаб

    09.04.2020 12:05 | KumanovoNews

    Општинскиот штаб за заштита и спасување на Општина Куманово, побара од Министерството за здравство привремено да го затвори гинеколошко-акушерското одделение во Кумановската болница, откако денеска се регистрирани нови позитивни случаи на коронавирус меѓу здравствените работници на ова одделение.

    Привремено да се затвори гинеколошко-акушерското одделение во Кумановската болница, бара Општинскиот штаб

    - Бараме од Министерство за здравство и Комисија за заразни болести времено да се затвори Гинеколошко-акушерско одделение во Општа болница - Куманово, поради новонастанатата состојба со зголемен број на здравствени работници кои се позитивни на тестовите за КОВИД- 19 и воедно да се изврши итна контрола на останатите болнички капацитети во Општа болница – Куманово, да се направи проценка за ризикот и да се овозможи непречена функционалност на останатите оддели во Болницата, како и да се обезбеди дополнителен капацитет на стручни лица во ЦЈЗ - Куманово, - соопштуваат од кризниот штаб.

        Истовремено се бара од Министерство за здравство, Комисија за заразни болести и Институтот за јавно здравје- Скопје да даде приоритет на тестовите за здравствените работници на Општина Куманово,  бидејќи од поголемиот број на брисеви коишто се испратени за анализа резултатите не стигаат навремено, со што се креира нереална епидемиолошка слика во Општина Куманово.

    Од Кумановската болница тестирани се 70 здравствени работници и се чекаат нивните резултати.