×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Привршува реконструкцијата на патот Старо Нагоричане - граничен премин Пелинце, вредна 1,5 милион евра

    27.11.2019 17:12 | KumanovoNews

     Во завршна фаза е реконструкцијата на регионалниот пат Старо Нагоричане- граничен премин Пелинце, единствената врска на овој регион кон Куманово и со соседна Србија.

    Привршува реконструкцијата на патот Старо Нагоричане - граничен премин Пелинце, вредна 1,5 милион евра

    Патот е во должина од 15 километри, а неговата реконструкција чини 1,5 милиони евра. За првите 10 километри парите во висина од 1,2 милиони евра се обезбедени од Светска банка, а останатите 5 километри се финасирани од буџетот на Јавното претпријатие за државни патишта.

    „Се наоѓаме на завршните два километра на патот до Пелинце кој што е 50 години стар, не чепнат, заборавен, но му дојде крајот и на тоа. Еве сега ги завршуваме последните два километри од вкупната должина од 15 километри на целата оваа делница. Убаво е да се градат патишта, но не може вакви патишта да се остават и да се заборават граѓаните, не можат сите граѓани да се возат по автопатишта, им требаат и регионални патишта да стигнат до своите домови“, - изјави Зоран Китанов, директорот на ЈП за државни патишта.

    Министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски, истакна дека во последната година ипол рехабилирани се преку 500 километри патишта низ целата држава.

    „Владата е силно посветена на изградбата на патната и железничката инфраструктура, ќе продолжиме да работиме интензивно, ќе го искористиме секој ден од градежната сезона каде што временските услови ќе го дозволат. Со интензивна динамика ќе се продолжи и наредната година согласно програмата на министерството и согласно програмата која што ќе ја има ЈП за државни патишта. Буџетот на министерството е поголем од ланскиот што значи ќе имаме поголем број на проекти, во реализацијата на водоводи, канализации, комунална инфраструктура, железници, социјални станови итн“, - изјави Сугаревски.

    При работната посета на општина Старо Нагоричане, градоначалничката Жаклина Јовановска истакна дека овој регионален пат е од големо значење за нивната општина, бидејќи не само што го поврзува граничниот премин Пелинце, туку истиот е единствената врска со многу населени места.

    „Со спојување на патот до граничниот премин Пелинце се зголемува фреквенцијата на патниците, со оглед дека во летниот период кога има гужви на граничниот премин Табановце граѓаните го користат овој премин. При тоа ги запознаваат убавините на Старо Нагоричане, што се надеваме дека ќе придинесе за развој на туризмот“, - рече Јовановска.

    Таа истовремено побара од министерот и директорот поголема поддршка за малите проекти, а тоа се локални маалски и селски патишта кои ги поврзуваат населените места и ја подобруваат коминакцијата кон самата општина и со регионалниот центар Куманово.