×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Проблеми при изградбата на пругата Куманово-Бељаковце, работниците два месеци без плата

    18.06.2020 07:47 | KumanovoNews

     Запрена е изградбата на железничката пругата Куманово-Бељаковце, дел од коридорот 8 кон Бугарија, откако фирмите ја повлекле дел од механизацијата од градилиштата во близина Куманово и Шупли Камен.

    Проблеми при изградбата на пругата Куманово-Бељаковце, работниците два месеци без плата

    Работници тврдат дека веќе една недела ништо не се работи на терен, а тие и не знаат што да прават, бидејќи никој не ги информирал дали да доаѓаат на работа или не. Притоа кажуваат дека немаат земено плата два месеци, а останале и без здравствено осигурување. Изведувач на градежните работи на реконструкција и рехабилитација на железничката пруга Куманово – Бељаковце е германската фирма „Вибе“, за која работат седумдесетина работници.

    „Не знаме што да правиме, сите се повлекоа само ние останавме. Од минатата недела ништо не се работи. Нас ни истекува договорот на 31 август и мора по закон да доаѓаме на работа, иако не сме земале плата два месеци, имаме од 300-400 саати прекувремена работа, не сме искористиле одмор, останавме и без здравствено осигурување. Немаме кого да прашаме што да правиме, ако планираат да не отпуштат нека ни кажат да бараме друго решение, да одиме под биро за да го оствариме правото за лечење“, - изјави денеска Зоран Крстевски, работник.

    Работниците кажуваат дека веќе три години се ангажирани на проектот за изградба на пругата, а проблемите настанале на средината на минатиот месецот кога плата за април добиле само вработените во „Вибе“, но не и оние што се ангажирани преку приватна агенција за вработување за потребите на изведувачот. Тогаш добивале ветувања дека работата ќе се среди, но таа се усложнила откако без плата за мај останале сите вработени, а подизведувачите почнале да си ги повлекуваат машините и си го собрале матерјалот од терен. Тие додаваат дека се зборувало дека Македонски железници го раскинала договорот со германската фирма Вибе, но не ги знаат причините.

    Од Фирмата „Вибе“, не сакаа да коментираат ниту дадат изјава зошто е прекината изградбата на пругата и работниците останале без плата, додека директорот на Македонски железници-Инфраструктура не се јавуваше на мобилниот телефон.

    Првата делница Куманово- Бељаковце е во должина од 30 километри и чини околу 40 милиони евра, втората траса Бељаковце- Крива Паланка е 140 милиони евра од кои 68 милиони евра се гранд, третата делница Крива Паланка – граничен премин Бугарија е најскапа бидејќи поминува низ планини и изнесува 405 милиони евра, од кои 60,8 милиони евра се грант од ИПА. Целата делница од Куманово до Бугарија ќе чини над 580 милиони евра, информираа во една од посетите надлежните.

    (С.Н.)