×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Пробно полнење на базенот во ноември?

    26.10.2015 13:43 | KumanovoNews

    Пробното полнење на Затворениот пливачки базен најверојатно ќе се реализира во ноември.

    Пробно полнење на базенот во ноември?

    На денешната седница на Советот на општина Куманово, наменета за советнички прашања советничката од ГРОМ, Душица Сеизовска Јовановиќ го праша градоначалникот дали како што беше најавено во медиумите, пробното полнење на Затворениот пливачки базен ќе се направи за празникот на градот 11 Ноември.

    Дали пробното полнење на базенот ќе се случи брзо како што беше најавено за месец ноември? - праша советничката.

    Градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски кажа дека базенот е во завршна фаза и најверојатно следниот месец ќе има пробно полнење.

    Во ноември мислам дека ќе има услови. Ќе го наполниме да видиме како ќе функционира. Тоа ќе биде пробно полнење, на некој начин атест за пропустливост, одржливост. Технички до крајот на годината ќе биде затворен. Не можеме да го пуштиме во зимскиот период од позиција што партерното уредување ни е во тендерска постапка - рече Дамјановски.

    Тој додаде дека следната пролет или лето базенот целосно ќе биде пуштен во употреба.