Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Продавачка во продавницата “Пако маркет“ на улица “Октомвриска револуција“ истепала разбојник, кој се обидувал да го украде дневниот пазар.
Нападот се случил синоќа во 21.30 часот, кога маскираниот разбојник со нож во рацете влегол во продавницата, додека девојката била сама во дуќанот.
Ме турна настрана и без да каже ниту еден збор, го впери ножот кон мене и се наведна да ги зема парите од касата. Додека пребаруваше во едната фиока и се обидуваше да ја отвори другата, му пријдов од зад грб и со едната рака го фатив ножот за сечивото, а со другата почнав да го удирам по главата, по што тој побегна. Не сум ни свесна како се се случи„ - раскажува храбрата продавачка, која се здобила со расекотини по раката од ножот.
Откако случајот бил пријавен во полиција, напаѓачот брзо бил пронајден. Против него ќе биде поднесена кривична пријава за разбојништво во обид.