Мени

Кумановец на интерент продавал бајонети и сабји од културно наследство

24.02.2026 16:14 | KumanovoNews

Кумановец е осомничен дека преку интернет продавал предмети кои претставуваат културно наследство.

Кумановец на интерент продавал бајонети и сабји од културно наследство

Полицијата поднесе кривична пријава против 48-годишен жител на Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластена трговија со добра под привремена заштита, културно наследство и природна реткост“.

„Пријавениот, со цел да се стекне со противправна имотна корист, во текот на 2024 година купил бајонети, сабји, швајцарски челен ламбa за планинарење и фигура во облик на глава од лав, кои претставуваат добра под привремена заштита, а потоа ги продавал преку онлајн страница на социјална мрежа“, соопшти МВР.