×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Продажен базар на уникатни предмети во витраж техника од проектот „Традиција низ слики“

    10.09.2019 10:51 | KumanovoNews

    Завршната манифестација - продажен базар, на проектот „Традиција низ слики“, кој го реализира Колото на српските сестри од Куманово, во соработка со партнерските здружениjа  „Мајка“, „Сирма“ и „Виор“, ќе се одржи во четврток од 14 до 18 часот во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.

    Продажен базар на уникатни предмети во витраж техника од проектот „Традиција низ слики“

    „На базарот ќе бидат изложени уникатни предмети во витраж техника, кои ги изработија учесниците во проектот. Изложбата е од продажен карактер и затоа ги повикуваме нашите сограѓани да ја посетат. Средствата ќе бидат наменети за луѓето кои ја завршија обуката, за да продолжат да творат во домашни услови, - изјави Живка Христовска, координатор на проектот „Традицијата низ слики“.

    Проектот „Традиција низ слики“ се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во западен балкан, која е финсисрана од Европската унија, а се спроведува од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).