×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Продолжува чистењето на снегот од улиците и селските патишта

    15.02.2021 11:10 | KumanovoNews

      Екипите задолжени за зимско одржување на улиците и патиштата во општина Куманово и денеска продолжија со чистење на снегот од сообраќајниците.

    Продолжува чистењето на снегот од улиците и селските патишта

    Според помошник раководителот на Секторот за комунални дејности Момчило Јовановски, во моментот на терен се 4 машини кои работат на расчистување на улиците од прва и втора категорија во градското подрачје, но се работи и во приградските населби, како и по налог по пријава од граѓаните.

    „Се работи на улиците Титова Митровачка, Васко Карангелевски, Теофил Економов, ул.210 во населбата Карпош, пристапот до сите сите основни и средни училишта, потоа патиштата кон селата Проевце, Пчиња, Студена Бара, Сопот, Агино село, Брзак и др. Распраскани се над 7 тони течност против замрзнување и поголема количина на сол“, - изјави Јовановски за Кумановоњуз.

    Тој е задоволен од диманимакта на чистењето на снегот од улиците, со оглед на ниските температури кои не дозволуваат негово топење од фрлената сол и средството против мрзнење.

    (С.Н.)