×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Продолжува реконструкцијата на спортската сала во Куманово, ќе чини уште 1,13 милион евра

    06.06.2024 11:07 | Оливера Пешевска

    Нови 69,9 милиони денари, односно 1.136.585 евра обезбеди Општина Куманово за реконструкцијата на спортската сала во Куманово.

    Продолжува реконструкцијата на спортската сала во Куманово, ќе чини уште 1,13 милион евра

    Според договорот кој е јавно објавен на 3 јуни, тендерот го добила фирмата „Кинг Трејд Ко“ од Кочани, а сумата е со пресметан данок на додадена вредност (ДДВ).

    Рокот за завршување на работите е 95 дена, а опфаќа градежни и занаетчиски работи, замена на електрична и водоводна инсталација, поставување на изолација, партерно уредување, надворешни скали, осветлување, инсталирање на електротехничка аудио и видео опрема и мултуфункционален семафор.

    Една од поголемите ставки во буџетот е набавка на висечки, четворостран, мултифункционален семафор за кого ќе бидат исплатени 10,5 милиони денари, односно 170 илјади евра. Станува збор за ЛЕД видео спортски семафор, со димензии 1,92 на 3,84 метри. Во цената влегува и челична конструкција на кровот на салата, предвидени се и мотори за регулирање на висината, а може да се користи и за прикажување на други содржини- видео снимки, текст или фотографии. Според спецификацијата тој ќе биде по стандардите на ФИБА ниво-1, но и со веќе постоечкиот семафорски систем- главниот ЛЕД семафор и оние кои ги мерат акционите времиња. Како доказ за квалитетот понудувачот е должен да достави сертификат издаден од една или повеќе спортски организации (ФИБА, ФИНА, УЕФА,ФИФА ЕХФ и др.)

    Во договорот е предвиден и поголем буџет за електротехничка опрема и инсталации, повеќе од 12 милиони денари, близу 200 илјади евра, но тука се предвидени многу поголем број на набавки и инсталации. Како на пример осветлување на спортската сала со рефлектори, набавка и монтирање на громобран, противпожарен систем со можност за приклучување на најмногу 99 сензори и исто толку модули и други интервенции.

    Реконструкцијата на спортската сала во Куманово започна пред три години со замена на кровот и тринините, и досега се потрошени повеќе од еден милион евра, што државни, што општински пари. 

    Пред изборите се најавуваше дека салата ќе биде готова кон средината на пролетта, но најновиот договор покажува дека спортистите и публиката нема да можат да ја користат најмалку до средината на есента.

    Владата во 2020 година ја врати спортската сала на Општина Куманово, откако со неа стопанисуваше приватен субјект.

    Спортската сала во Куманово е изградена 1980 година и има капацитет од 4.150 седишта. Таа е најголемиот затворен спортски објект во Куманово, каде се одржуваа кошаркарски, ракометни, футсал, одбојкарски и боксерски натпревари. Откако таа не е во функција за спортските натпревари се користа училишните сали.