×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Продолжува седумдесет и осмата седница на Совет

    23.01.2013 09:48 | KumanovoNews

      Советот утре ќе ја продолжи седумдесет и осмата седница, која беше прекината минатиот четврток по изгласување на шестата точка.

    Продолжува седумдесет и осмата седница на Совет

    Советниците тогаш ги усвоиа работните програми на ЈП ‘‘Водовод‘‘ и ЈП „Пазаришта„, беше утврдена цената за дистрибуција на гасот во ЈП „Куманово - гас‘‘, како и усвоена програмата за развој на спортот и рекреативни активности на граѓаните во Општина Куманово за 2013 година.

    Дневен ред:

    7.    Извештај за деловно финансиско работење на ЈП ‘‘Чистота и зеленило‘‘ – Куманово за период  Јули – Септември 2012 година;

    8.    Програма за одржување јавна чистота на јавни сообраќајни површини во Куманово за 2013 – та година;

    9.    Програма за уредување и одржување на градско зеленило во Куманово за 2013 -та година;

    10.    Програма за собирање, транспортирање и депонирање на отпад во Општина Куманово за 2013 година;

    11.    Финансиски извештај за работа на ЈП ‘‘Куманово – паркинг‘‘ - Куманово за период од 01.07 – 30.09.2012 година;

    12.    Програма за работа на ЈП ‘‘Куманово – паркинг‘‘ – Куманово за 2013 година;

    13.    Програма за користење и одржување на јавното осветлување на подрачјето на Општина Куманово за 2013 година;

    14.    Предлог – Оперативна програма на културни манифестации во Општина Куманово за I квартал за 2013 година;

    15.    Предлог – Одлука за спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги за 2013 година;

    16.    Извештај за извршување на Програмата за уредување на градежно земјиште, изградба и одржување на комунална инфраструктура на град Куманово и на  Програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и улици во Општината Куманово за периодот  од 1 јануари 2012 до 31 декември 2012 година;

    17.    Предлог – Решение за формирање на Комисија за изготвување на Предлог – Програма за работа на Советот на Општината Куманово за 2013 година;

    18.    Предлог - Одлука за утврдување на Нацрт – Измена и дополна на Детален урбанистички план за една парцела за КП 20437 г.п 35 за дел од УЕ ‘‘Б.С.Гојчо‘‘, дел од УБ 44 Урбан модул Г плански опфат на ул. ‘‘Живко Чало‘‘ – Општина Куманово;

    19.    Предлог -Одлука за утврдување на Нацрт –Измена и дополна на Детален урбанистички план за дел од У.Е. "11-ти Ноември",  дел од Урбан блок 66, Плански опфат меѓу државен пат А1, ул. ‘‘11-ти Ноември‘‘ и ул. ‘‘Никола Вапцаров‘‘ – Општина Куманово;

    20.    Предлог - Одлука за утврдување на Нацрт –Измена и дополна на Детален урбанистички план за дел од У.Е. "Х.Т.Карпош", дел од Урбан блок 64-м, Плански опфат меѓу ул. ‘‘11-ти Октомври‘‘, крак на ул. "11-ти Октомври", ул. "Борис Кидрич" и ул. "Љубе Гачев"  – Општина Куманово;

    21.    Предлог - Одлука за утврдување на Нацрт – Детален урбанистички план за дел од У.Е. "Перо Чичо",  дел од Урбан блок 17, Плански опфат меѓу ул. ‘‘30-ти Јули‘‘, крак на ул. "6-ти Април", ул. "6-ти Април" и ул. "Анѓа Ранковиќ"  – Општина Куманово;

    22.    Предлог - Одлука за утврдување на Нацрт –  Детален урбанистички план за една парцела за КП 20494 за дел од УЕ ‘‘Трета МУБ‘‘, дел од УБ 48,  Плански опфат на ул. ‘‘Миле Кипра‘‘ – Општина Куманово;

    23.    Предлог - Одлука за утврдување на Нацрт – Измена и дополна на Детален урбанистички план за една парцела за КП 19471 г.п 1 за дел од УЕ ‘‘Б.С.Гојчо‘‘, дел од УБ 44,  Плански опфат меѓу ул. ‘‘Миле Кипра‘‘ и ул. ‘‘Љупчо Арсов‘‘ – Општина Куманово;

    24.    Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за усогласување на наменaта на земјиштето предвидена со важечки ГУП зона зеленило Д1 во А1 домување во семејни куќи, за дел од УЕ ‘‘11 – ти Октомври‘‘, дел од урбан блок 38 – Општина Куманово;

    25.    Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за усогласување на наменaта на земјиштето предвидена со важечки ГУП зона зеленило Д1 во А1 домување во семејни куќи, за дел од УЕ ‘‘Стари Лозја‘‘, дел од урбан блок 7 – Општина Куманово.