Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Убаво е кога партнерствата продолжуваат и растат!
Овој месец во просториите на СОС Детско село претставниците од Флекс Кредит и претставниците од СОС Детско село потпишаа нов договор за стратешко партнерство.
Генералната директорка na Flex Credit Јоана Спасовска, изјави дека се горди како компанија што втора година по ред ја поддржуваат најранливата категорија на граѓани, децата без родители и родителска грижа.
“Флекс Кредит, како општествено одговорна компанија веќе втора година преку финансиска донација и преку различни активности гo поддржува СОС Детско село во реализација на нивната мисија. Изминатата година имавме можност да организираме забавни активности со нашите вработени, нивните деца и дечињата од СОС Детско село, многу дружба, смеа и подароци. Воедно станавме и дел од проектот ЗА МЛАДИТЕ – проект за зајакнување на вработливост на младите од социјален ризик на начин што нашите вработени реализираа обуки за младите поддржани од СОС Детско село. До крајот на годината ќе опремиме и една соба во младинските куќи која ќе служи за релаксација и забава на младите кои престојуваат таму. Веруваме во нашиот партнер и сме посветени да ја поддржуваме нивната работа и во наредните години.”
Претставникот на организацијата СОС Детско село ја поздрави одлуката на менаџментот на Флекс Кредит:
“Навистина сме горди и среќни што ја продолжуваме соработката со Флекс Кредит. Тоа ни дава до знаење дека постојат компании кои можат и се трудат да помогнат на повеќе нивоа, на различни начини. Посебно не радува фактот дека Флекс Кредит ја препозна нашата работа и не гледа како долгорочен партнер. Тоа многу значи за нашиот пат кон само-оддржливост“, истакна Силвија Брајовиќ, директор на Секторот за собирање средства и комуникации на СОС Детско село.
(ПР текст)