Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Фондот за иновации и технолошки развој денес во Владата потпиша договори за грантови со млади истражувачи од 34 основни и средни училишта во вториот повик „Предизвик за млади истражувачи“.
На потпишувањето на договорите беа презентирани видеа од петте најдобро рангирани проекти, меѓу кои и на учениците од основното училиште „Крсте Мисирков“ од Куманово, како и средните училишта „Ванчо Прке“ од Виница, „Орце Николов“ од Скопје и „Фаик Коница“ од Гостивар, и основно училиште „Даме Груев“ од Битола.
Учениците од ООУ „Крсте Мисирков“ со проектот „Испринтај ја својата фантазија“ се наградени за иновативниот проект за 3Д прототипи за изработка на протези за миленичиња и поилки за птици.
Тие велат дека со овој проект влијаат на будење на свеста во општеството и пошироко за можноста ваква иновативна технологија да се користи и во наставата.
За иновативни проекти од овој конкурс училиштата ќе добијат грантови од шест милиони денари.