Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Женскиот центар од Куманово започна со реализација на втората фаза од проектот за помош на жртвите од семејно насилство. Целта на проект е да се намали семејното насилство во општините од североисточниот регион Куманово, Старо Нагоричане, Липково, Кратово, Ранковце и Крива Паланка.
Денеска се одржа првиот состанок со претставниците од локалниот совет за превенција од Општина Куманово кои се вклучени во проектот за да се дадат насоки за нивното делување.
Задачите на овој совет за превенција е организирано дејствување и соработка помеѓу полицијата, здравствените и социјалните служби и судскиот систем со цел да се организираат кординирани и континуирани акции за унапредување и заштита на жртвите од семејно насилство. Преку самата координација на претставниците од институциите се очекува намалување на негативниот тренд и семејното насилство во општините опфатени во проектот-вели координаторката Виолета Петровска.
Според статистиката на Центарот за социјални работа во последните месеци се зголемило семејното насилство во градот, поради што од невладините организации сметаат дека проектот се имплементира во вистински момент и ќе ги даде очекуваните резултати.