Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во основното училиште “Вук Караџиќ“ во рамки на еко проект се работи на заштеда на електрична енергија.
Во првото полугодие половина од обичните се заменети со штедливи светилки, а активностите ќе продолжат во второто полугодие од учебната година.
- Се исклучуваат светилките кога не е потребно, се гасат компјутерите кога ќе завршиме со работа. Се затвараат вратите топлината да не излегува надвор повеќе одошто треба. Прозорците се стари, дотрајани и затоа ги облепивме со траки. Има акција за штедење на вода и се сугерира каде има проблем да се заменат славини, казанчињата да се поправат. Останува уште да се работи на тој план и темпото зависи од финансиските средства и буџетот на училиштето - рече Надица Петровска, директор на ОУ“Вук Караџиќ“.
Процентот на заштеда на електрична енергија и вода е 20 до 30 отсто и целта е учениците да научат да ги ценат ресурсите.