×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Проектот „Иновациски центар: Компаративна предност за поголема конкурентност“ ги даде очекуваните резултати

    12.12.2019 14:55 | KumanovoNews

    Eдукација на компаниите за нови вештини и вмрежувањето со научно истражувачките институции, се резултатите од спроведување на проектот „Иновациски центар: Компаративна предност за поголема конкурентност“, кој во изминатите две години го спроведуваше Фондацијата за мали и средни претпријатија во Куманово.

    Проектот „Иновациски центар: Компаративна предност за поголема конкурентност“ ги даде очекуваните резултати

    „Можам да кажам дека доста успешно го имплементиравме проектот, имаме успешни приказни, конкретни резултати, навистина реални настани на коишто можеа фирмите да присуствуваат и се надевам, значи тоа е најбитното, дека со исто такво темпо ќе продолжиме и по завршувањето на проектот, се` со цел сето она коешто го постигнавме овие две години да го одржиме и да можеме уште повеќе да го надградиме за доброто на малите претпријатија и од регионот и пошироко“, - изјави Димитар Ташевски, проект координатор.

    Тој додаде дека преку ова вмрежување до сега се склучени пет проекти преку кои треба да се работи на искористување на европските фондови, кои ни се пред врата.

    „Посебно место добија особено значајните чинители во овој процес за поддршка на иновациите, за локалните самоуправи и универизитетите, особено аксцелераторите како мошне битен сегмент од нашиот екосистем. Меѓу другото се запознаа и со потенцијалите на малите и средните претпријатија, кои се покажаа дека се големи. Ние со овој проект дадовме значаен придонес во подобрувањето на опкружувањето за сите нас, за да бидеме поиновативни, покреативни и на тој начин најсигурно да го развиеме бизнис секторот по оддрржлив пат“, - вели Горан Лазаревски, проект менаџер.

    Анита Самарџиева технички координатор на проектот информираше дека од Велешкиот регион се вклучени 25 претпријатија.

    Проектот се реализираше две години, а неговата имплементација беше спроведена во Североисточниот, Скопскиот и Велешкиот регион.

    Проектот е финансиран од Европска Унија, преку Секторот за централно финансирање на Министерство за финансии.