×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Професор од Инфективната клиника во визита на Кумановската болница

    26.03.2020 16:43 | KumanovoNews

    Професор од Инфективната клиника во Скопје, денеска престојувал во Кумановската болница за да утврди како функционира и како се лекуваат пациентите од коронавирус на инфективното одделение, каде што се заразени тројца здравствени работници, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.

    Професор од Инфективната клиника во визита на Кумановската болница

    -  Во болницата во Куманово, престојуваше наш експерт,  професор на Инфективната клиника во Скопје, којшто детално разговараше со лекарите од инфективното одделение и менаџментот на болницата, разговаа за начинот на третман и прием на пациентите, организацијата на работа и понатаму во делот за изолација. Имајќи во предвид дека тука веќе има дијагностицирани асимптоматски здравствени работници, во текот на утрешниот ден целосно ќе биде завршена анализата и согласно тоа и стратегијата за лекување. Куманово ќе биде еден од првите градови во државата, кадешто ќе се зголеми бројот на тестирања на коронавирус по мобилен пат, којшто ќе започне од почетокот на следната недела, - соопшти министерот Филипче.

    На Инфективното одделение во Куманово почина првата пациентка во државата, а заразени се двајца лекари и една медицинска сестра. Во Куманово бројот на заболени од коронавирус   постојани расте, и достигна до 15. Во последните 24 часа регистрирани се 4 нови случаи.

    Граѓаните се плашат и бараат поголема поголема организираност од институциите, како и  одговорност на граѓаните, кои не ги почитувањето на мерките за заштита од коронавирус.

    Општина Куманово денеска повторно побара поголема стручна и медицинска поддршка од Министерството за здравство, заради справување со коронавирусот во градот.

    - Повторно се бара од Министерство за здраство и Комисија за здравство да го засили човечкиот капацитет во ЦЈЗ Куманово со зголемување на бројот со епидемиолози и други стручни лица во интерес на непречено работење и спроведување на интензивни тестирања на територија на Општина Куманово, соопштуваат од штабот.

    Од вчера сите пациенти кои не се со симптоми на вирусот КОВИД-19, се упатуваат на лекување на Одделението за уво, грло и нос, во Општата болница Куманово, а инфективното се користи за изолација на заразените пациенти.

    Владата на завчерашната седница најави дека ќе упати стручна поддршка на Општата болница Куманово.

    „Со оваа одлука се задолжуваат Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје да подготват посебен план со екипи за да се преземат сите потребни мерки и активности за да се спроведе поголем број на тестирања на подрачјето на територијата на општина Куманово, со цел континуирана детекција и организација на следење на состојбата со бројот на инфицирани лица од коронавирус (COVID-19), за поефикасен третман на истите, како и да се упати стручен медицински персонал и да се обезбеди техничка помош за потребите на Општа болница – Куманово“, соопштуваат од Владата.