Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Полицаецот Весели Весели, вработен во Одделението за превенција при СВР Куманово и пожарникарот Зоран Јовановски од Територијалната противпожарна единица Куманово се прогласени за најуспешни во 2009 година.
Градоначаникот Зоран Дамјановски денеска им врачи благодарници и рачни часовници за особените резултати што ги постигнаа во своето работење.
На овој начин сакаме да им се заблагодариме на најдобрите и да ги потикнеме останатите совесно и професионално да си ја вршат работата - рече градоначалникот.
Наградените се особено среќни што нивните колективи ги избрале за најдобри.
Чест ми е што сум награден од градоначалникот и локалната власт. Оваа награда ќе ме мотивира и ќе работам колку можам повеќе во интерес на граѓаните - вели Весели.
Пожарникарот Јовановски има 24 годишно работно искуство како пожарникар и смета дека награда заслужуваат и неговите колеги бидејќи нивната работа е тимска.
Минатата година ќе ми остане во сеќавање по една техничка интервенција во селото Скачковце кога вадевме од бунар една жена. Таа беше во длабочина на 15 метри и јас се спуштив со скали и ја извадив неповредена. Жената и денеска си е жива - вели Јовановски.