×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Прогласени најдобрите просветни работници и ученици на генерација

    24.05.2013 11:42 | KumanovoNews

    Здружението на просветни работници Куманово, синоќа по повод Денот на просветителите, ги награди најдобрите просветни работници и ученици за оваа учебна година.

    Прогласени најдобрите просветни работници и ученици на генерација

    За најдобар просветен работник во основното образование-одделенска настава е прогласена Душица Јакимовска од основното училиште „Кирил и Методиј„ од селото Романовце, во основното образование- предметна настава Југослав Спасиќ од основното училиште „Крсте Мисирков„ и во средното образование Елизабета Секирарска од економското училиште „Перо Наков„.

    Привилегија е да се биде најдобар меѓу најдобрите и најубаво нешто што може да се доживее. Наградата создава обврска и желба да се работи и понатаму. Јас 20 години работам како професор, а наградата ја посветувам на моите родители, просветни работници во пензија. Од нив научив како се работи оваа работа и постојано учам. Од нив научив дека детето е жива материја, дека треба да се разбере и да се сака за да го научиш нешто. Тоа сум го запомнила од нив и се трудам да бидам таков професор.- изјави Секирарска.

    Горд на својот успех е и професорот по физичко воспитување Југослав Спасиќ.

    Особена чест и задоволство е да се добие оваа награда и признание за вложениот труд. Ова е мотив плус за нови идеи, планови и предизвици во наставата и образованието, како и обврска да се оправда дадената доверба. Кога се сака професијата се може да се постигне, а за тоа се заслужни и учениците, како и моето семејство кое има разбирање за моите работни обврски- вели Спасиќ.  

    Учителката Душица Јакимовска за првпат добива лично признание во професијата, но вели дека голем мотив во работата и претставуваат успесите на нејзините ученици.

     Наградата ми е голема сатисфакција за мојата работа, но и голем предизвик за понатаму. Треба да се следат промените во обрзованието, како и учениците, бидејќи тие ни се нешто најважно и најсвето. Од најмала возраст ги учиме на основни работи и од нив создаваме луѓе, а потоа ги пуштаме во светот. Работиме една благородна професија на која сум горда.- изјави Јакимовска.

    На свеченоста по повод Денот на просветните работници, беа доделени награди и на најдобрите ученици на генерацијата во основните и средните училишта, како и на победниците на ликовниот и литературен конкурс. Наградите ги додели градоначалникот Зоран Дамјановски.

    За ученици на генерацијата 2012/13 година се прогласени: Теодора Цветковска ОУ „Толи Зордумис„, Елена Трајковска ОУ „Вуќ Караџиќ„, Ангела Јакимовска ОУ „11 Октомври„, Сара Пешевска ОУ „Вера Которка„ Клечовце, Шпреса Исени и Мартин Цветковски ОУ „Битолски конгрес„ Лопате, Сунчица Спасовска ОУ „Браќа Рибар„ Табановце, Теа Стоилковска ОУ „Браќа Миладиновци„,Аљбан Исмаиљи ОУ„ Бајрам Шабани„, Марија Станковска ОУ„Карпош„ Умин Дол, Лабинот Азири ОУ „Јероним Де Рада„, Михаил Денковски ОУ„ Крсте Мисирков„, Љеутрим Амети ОУ „Наим Фрешери„, Марија Илиевска ОУ „Магдалена Антова„ Карпош,Нора Бајрами и Анастасија Митревска ОУ „Кирил и Методиј„ Романовце и Мелани Краљевска ОУ „Кочо Рацин„.