Прогласени првенците на генерацијата во основните и средните училишта во Куманово и Старо Нагоричане
Во Занаетчискиот дом во Куманово денеска беа прогласени првенците на генерацијата за учебната 2025/2026 година од основните и средните училишта во општините Куманово и Старо Нагоричане.
Свеченоста на доделувањето на наградите ја организираше Здружението на просветни работници од Куманово, а пред присутните се обрати претседателката на здружението, Анита Димовска.
„Да се биде најдобар значи да се носи одговорност, да се биде пример и да се отвора патот за другите. Тоа е огромна и заслужена чест, но и обврска да се биде чесен, доследен, храбар, достоинствен и посветен и покрај сите предизвици. Продолжете да сонувате, да создавате и да верувате, бидејќи вие сте иднината – и ваша и наша“, им порача Димовска на учениците.

На присутните им се обрати и градоначалникот Максим Димитриевски, кој им честиташе на учениците за постигнатoто, им посака многу успех во понатамошното образование и ги повика по завршувањето да се вратат во градот и да дадат придонес во неговиот развој.
Свеченоста беше збогатена со неколку музички точки, а беа доделени и благодарници на членките на здружението, претставници на институциите и новинарите.
Средни училишта во Општина Куманово:
Ива Додевска - СОУ Гимназија „Гоце Делчев“
Мила Дениќ и Блерона Бериша - СОУ „Перо Наков“
Матеј Глигориевски и Индрит Сулејмани - ОСТУ „Наце Буѓони“
Фидан Ибраими - СОУ Гимназија „Сами Фрашери“
Теа Велковска и Деа Сабедини - РЦСОО „Киро Бурназ“
Основни општински училишта:
Михаил Додевски - ООУ „11 Октомври“
Дрин Џемали - ООУ „Бајрам Шабани“
Адеа Радончиќ - ООУ „Наим Фрашери“
Петар Николовски- ООУ „Браќа Миладиновци“
Уна Трајковска - ООУ „Крсте Мисирков“
Јана Јовановска - ООУ „Вук Караџиќ“
Софија Салтировска - ООУ „Кочо Рацин“
Меланија Станковиќ и Арон Арифи - ООУ „Толи Зордумис“
Ана Стевановиќ - ООУ „Христијан Карпош“
Милан Краљевиќ - ООУ „Магдалена Антова“
Арита Јашари - ООУ „Битолскиот Конгрес“ с. Лопате
Лука Крстиќ - ООУ „Карпош“ с. Умин Дол
Ангела Величковска - ООУ „Вера Которка“ с. Клечовце
Мердијан Салихи - ООУ „Јероним Де Рада“ с. Черкези
Андреј Гроздановски и Ајтен Миртезани - ООУ „Кирил и Методиј“ с. Романовце
Милица Симоновски и Сумеја Клајќи - ООУ „Браќа Рибар“ с. Табановце
Каја Поповска и Елона Ислами - УОМО „Панче Пешев“
Општина Старо Нагоричане:
Јована Андоновска – ООУ „Христијан Карпош“, с. Младо Нагоричане
Тимотеј Крстевски – ООУ „Христијан Тодоровски Карпош“, с. Драгоманце
Лана Стаменковиќ – ООУ „Светозар Марковиќ“, с. Старо Нагоричане
