Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На паркингот кај Спортската сала Куманово, од денеска па во наредните два дена, се оддржува Пролетен панаѓур.
Панаѓурот се организира првпат, а организаторите најавуваат дека доколку има интерес тој ќе стане традиционален.
Може да се најде буквално се, од текстилна облека до машини, велосипеди. Цените се за 50 проценти пониски во однос на продавниците. Имаме тезгаџии од цела Македонија и затоа изборот на проезводи е голем- вели Раман Демиров од Штип организатор на панаѓурот.
Тој доддава дека просторот за поставување на штандовите е издаден скоро 80 отсто, а оние кои се заинтересирани можат да се јават на 070 697 158.
Панаѓурот ќе биде отворен од 8 до 20 часот а ќе заврши во недела.