Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Општина Куманово и ЈП „Чистота и Зеленило“ ќе спроведат пролетна акција за собирање на кабаста отпад на неколку локации во градот. Првата акција ќе започне утре.
„Општина Куманово и ЈП „Чистота и Зеленило“, по насоки дадени од Министерство за животна средина и просторно планирање, организираат акција за собирање на кабаст отпад. Акцијата ќе започне од 15. февруари и ќе трае до 20. февруари на три локации и тоа: на паркингот кај Спортската сала, на паркингот кај Противпожарната единица Куманово и на паркингот во населба Гоце Делчев кај т.н. Кошеви. Ваквите акции ќе продолжат и во месец март и април“, соопштуваат од Општината.
Акции за собирање на кабаст отпад беа организараа и порано, се со цел граѓаните, мебелот и другите непотребни работи да ги оставаат покрај контејнерите.