Променливо облачно и врнежливо цела недела
15.02.2010 08:54
| KumanovoNews
Денеска ќе има преодно стабилизирање на времето, а од утре повторно следува период на променливо облачно со серија влажни бранови од југ, кои ќе условат повремени врнежи од дожд.

Поинтензивни врнежи се очекуваат утре во ноќните часови, кога на планините врнежите ќе бидат од снег. Од среда температурите ќе бидат во пораст. Заради најавените врнежи во наредниот период се очекува да има зголемување на водотеците, особено во западните и јужните делови.