Промоција на документарниот филм „Пиротско маало низ времето“
30.01.2023 10:53
| Ивана Алексовска
Во Занаетчискиот дом вечерва со почеток во 19 часот ќе се одржи промоција на документарниот филм „Пиротско маало низ времето“ од Љиљана Тричковиќ, како главен уредник и Марјан Стошевски како помошник уредник.

Куманово е град кој се оживуваат неговите маала. Овој филм ќе остане како дел од богатата ризница на случувањата во Куманово, животот во Пиротско маало е овековечен преку раскажувањата на неговите жители.
Промотор на филмот ќе биде Христина Алексовска.
Се повикуваат заинтересираните граѓани да присуствуваат на промоцијата на филмот.