×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Промоција на истражувањето за „Креирање на локален механизам за реинтеграција на жртвите од семејно насилство“ (видео)

    28.07.2021 07:17 | Сузана Николиќ

    Пред Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, утре од 18 до 20 часот, ќе се одржи презентација на рeзултатите од истражувањето за „Креирање на локален механизам за реинтеграција на жртвите од семејно насилство“, спроведено од Академијата за јавни политики поддржана од страна на Национален младински совет на Македонија - НМСМ / NYCM / KRNM, IFES SDC, а во рамките на проектот Support to Electoral Reforms. 

    Промоција на истражувањето за „Креирање на локален механизам за реинтеграција на жртвите од семејно насилство“ (видео)

    „Оваа иницијатива се занимава со проблематиката на семејно насилство во Куманово. Знаејќи дека општината има надлежности во делот на социјална заштита во чии рамки спаѓа и семејното насилство, беше спроведено истражување за тоа дали и како општината помага на жртвите на семејно насилство во нивната реинтеграција во општеството. Како краен продукт на иницијативата се предвидени предлог- решенија за креирање на современ локален механизам кој ќе овоможи брза и лесна реинтеграција на жртвите од семејно и родово базирано насилство, еднакви можности, брз пристап до работно место и недискриминација“, вели Теодора Димитровска, координатор на проектот.

    Таа додава дека иако семејното насилство е национален проблем, сепак локалната заедница е значаен чинител за згрижување и заштита на жртвите.
     

    „Иако владините програми предвидуваат отворање на нови регионални центри за згрижување на жртвите, сепак такво нешто не се случува. Нашата Општина порано покажуваше подобра пракса, соработуваше со невладини организации, кои згрижуваа, односно обезбедуваа подобра заштита на жртвите. Сметам дека треба да се врати таквиот механизам“, додава Димитровска, која ги повика граѓаните да дојдат на настанот за да се запознаат со проблематиката, но и да иницираат политики кои ќе овозможат креирање на подобар локален механизам за заштита и згрижување на жртвите.

    На промоцијата ќе се цртаат графити се со цел да се подигне свеста за решавање на проблемите.