×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Промоција на Јапонска култура во Народниот Театар

    28.08.2013 09:41 | KumanovoNews

    Вчера, во просториите на Народниот Театар се одржа работилница на тема „Презентација на Јапонска Култура“ од страна на студентите од Токио, Јапонија.

    Промоција на Јапонска култура во Народниот Театар

    Јапонски студенти од колеџот Гакшуин во Токио оваа недела по четврти пат престојуваат во студиска посета на Македонија.

    Еуро Колеџ е единствената високобразовна институција во Македонија со која соработува колеџот Гакшуин, а покрај Куманово, ги посетивме и  Охрид и Скопје и повеќе значајни локалитети во државата - изјави Такафуми Накајима, професор на Колеџот Гакшуин.

    По програмата на Колеџот Гакшуин секоја година студенти и професори посетуваат земји чии што култури не се многу познати во Јапонија. При тоа имаме задача да ги истражуваме тие култури и да оствариме соработка со студенти од земјите домаќини.

    Студентите од Јапонија четири години по ред доаѓаат кај нас, а планираме и наши студенти да патуваат во Токио. Јапонските студентки имаат голема желба да ја запознаат нашата култура, нашата храна, менталитеот и начинот на живот - вели Марија Стојанова операционен менаџер на Еуро колеџ.

    Студентките исто така не го криеја задоволство од престојот во Куманово и ни признаа дека навиките кои ние ги имаме како што се ноќниот живот до раните утрински часови им се чудни, но велат дека им се допаѓа како е организиран овдешниот живот на младите.

    Досегашното искуство покажа дека на нив многу им се допаѓа овде, па ако предходните години тука остануваа по една ноќ сега инсистираат нивниот престој тука да биде подолго. Тие се презадоволни од нашиот начин на живот, дружбата што ја има помеѓу македонските студенти - додаде Стојанова.

    Оваа промоција организирана од страна на Високообразовната установа "Еуро Колеџ" беше од отворен тип за граѓаните на Куманово и ќе стане традиција за наредните години.