Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во малата сала на Центарот за култура во Куманово вечерва во 19 часот ќе се одржи промоција на најновата книга на Ана Јовковска. Промотор на книгата е Александар Прокопиев.
Ана Јовковска е научна истражувачка, магистерка по културолошки студии, дипломирана новинарка, колумнистка, ТВ-уредничка, специјалист за односи со јавност, докторантка по Културолошки студии и тренер по комуникациски вештини. Со сето богато искуство, таа добро го познава современиот живот. Затоа во својата книга успешно ја проткаја пораката за човечноста, а се чини дека луѓето тоа одлично го препознаваат.
Книгата „Емотивен талог“ ги содржи приказните од женската кујна, како што се наречени во поднасловот, веќе се докажан рецепт за вкусна проза. Уште од своето објавување во април, „Емотивен талог“ ја освои пошироката публика. Оваа збирка од есеи допрва ќе ја добива својата вредност и доказ е дека македонската женска проза заслужува да биде ценета.
Книга што вреди да се прочита, авторка што вреди да се познава, настан што вреди да се има во меморијата, за да нè потсетува на тоа колку силен може да биде зборот.
Промоцијата е дел од годишната литературна програма за 2022 година подржана од Министерство за култура.