Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во малата сала на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, утре со почеток во 19 часот, ќе биде промовирана книгата „Хиени во градот“ од Милчо Бојковски.
Поетскиот ракопис на Милко Бојковски „Хиени во градот“ претставува компјутерски изработен текст.
„Тој им нуди слобода на зборовите и на формата градејќи го препознатливиот посмодернистички концепт на светот, по урнек, можеби, на веќе докажаните поети од помладата македонска генерација. Бојковски негува синкретичен јазик, користи урбана лексика и младешки жаргон“,- вели за книгата Ангелина Бановиќ-Марковска, професорка на Филолошки факултет „Блаже Конески“ во Скопје.
Се работи за нова поетска збирка, на млад и талентиран македонски поет кој веќе објавувал раскази во Маргина, песни БКГ и на српскиот сајт за поезија Поезин.