Промоција на книгата “Меѓу минатото и сегашноста“
04.12.2013 09:32
| KumanovoNews
Во Градската библиотека утре во 12 часот ќе се оддржи промоција на книгата “Меѓу минатото и сегашноста“ на авторот Иван Ивановски.

Делото содржи огледи и есеи на театарски теми. Оваа книга лани се закити со наградата “Димитар Митрев“ која ја доделува Друштвото на писатели на Македонија за критика. Ивановски е познат театарски критичар, есеист и писател.
Промотор ќе биде писателот Блаже Миневски.