Мени

Промоција на книгата „Ништо нормално“ на Симона Јованоска во Куманово

11.06.2026 12:45 | KumanovoNews

Во Лапидариумот на Музејот во Куманово, вечерва со почеток во 19 часот ќе се одржи промоција на збирката раскази „Ништо нормално“ од македонската писателка Симона Јованоска.

Промоција на книгата „Ништо нормално“ на Симона Јованоска во Куманово

Промоторка на книгата ќе биде Наташа Атанасовска, од читателскиот клуб во Куманово.

„Ништо нормално“, се издвојува со оригиналeн пристап, провокативни теми и стилска раскош, а во нејзиниот фокус се наоѓа обичниот човек и предизвиците со кои се соочува во современото секојдневие.

Јованоска е позната по својата раскажувачка проза и веќе има неколку значајни книжевни остварувања зад себе. Нејзината дебитантска книга раскази „Ги најдов во длабокото“ беше објавена во 2015 година, додека романот Денот на црвот ја доби наградата „Роман на годината“ за 2021 година, што ја доделува Фондација Славко Јаневски. Романот е преведен на бугарски, српски и хрватски јазик.

Во 2024 година таа го објави и својот втор роман, Леска Брезоска, а претходно ја издаде и книгата за деца Градот Вабу и потрагата на Нави.

Промоцијата во Куманово ќе биде можност љубителите на литературата непосредно да се запознаат со најновото дело на Јованоска и да разговараат со авторката за темите што ги отвора книгата.