×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Промоција на книгата „Радио“ од новинарот Љупчо Јолевски

    27.11.2019 08:09 | KumanovoNews

    Во Уметничката галерија во Куманово, утре во 20 часот ќе се одржи промоција на книгата „Радио“ од новинарот Љупчо Јолевски.

    Промоција на книгата „Радио“ од новинарот Љупчо Јолевски

    „Радио“ ја чинат повеќе од 730 страници и речиси толку фотографии илустрации. Книгата претставува субјективен избор на авторот од прилозите, односно текстовите пишувани и објавени за Радио Слободна Европа, програма на македонски јазик. Поделена на неколку целини – музика, литература, ликовна уметност, филм, театар, уметничка фотографија, преку информациите, најавите, разговорите, интервјуата, рецензиите, освртите се обидува да понуди негово видување на македонската култура во изминатава половина декада. Од таму на страниците се забележани мислите и ставовите на уметници и творци како Весна Ѓиновска Илкова, Благој Нацовски, Милена Арсовска, Никола Коџабашија, Александар Пејовски, Дарија Андовска, Оливер Белопета, Влатко Стефановски, Љубојна, Сеад Хаџиќ Сецко, Зоран Маџиров, Драган Даутовски, Никола Маџиров, Оливера Ќорвезировска и други.

    Промотор на книгата е м-р Ана Франговска. Учесници во програмата на мултимедијалниот настан се: Јордан Костов, музичар,  Дејан Спасовиќ, акад.вајар и музичар и Игор Трпчески, актер и водител. Постер: Страхил М. Петровски и фотографии: Сашо Димоски.

    Јолевски е роден 1958 година, како новинар, водител и уредник Љупчо Јолевски во новинарството е скоро четири децении.

    Организатор на мултимедијалниот настан е НУ Музеј Куманово, Уметничка галерија, по повод 500 години Куманово.