×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Промоција на книгата „Сакав да ти кажам“ од Лира Бојку

    09.09.2022 10:12 | Сузана Николиќ

    Во фоајето на Центар за култура „Трајко Прокопиев“- Куманово, вечерава во 18 часот ќе се одржи промоција и презентација на книгата „Сакав да ти кажам“ од Лира Бојку. 

    Промоција на книгата „Сакав да ти кажам“ од Лира Бојку

    Книгата раскази ќе ја промовира Љатиф Мустафа, модератор на настанот е Арѓира Елмази. 

    Покрај убавата книжевност настанот ќе биде збогатен со музичка изведба на пијано од страна на Фатљум Алиу и Велмира Алиу. Книгата е објавена паралелно на два јазика македонски и албански јазик. 

     Лира Бојку е родена 1990 година во Скопје каде и денес живее и работи. Како што и самата ќе рече дека нејзината љубов кон пишувањето и читањето растеле заедно со неа. Авторка е на книгите „Црвени чевли“, „Љубов во машина за перење“, „Љубов на генерал Ш“. Учесничка е на многу литературни средби и настани.

    „Писателката Лира Бојку во „Сакав да ти кажам“, всушност, ја воспева љубовта која е и нејзин стожерен мотив, а тоа го прави со доживеаност и јасност,  преку разидување или спојување во животот, тема која, од авторска страна гледано, никого не го одминува. Но, сепак, во својата основа на гледиштето, ги допира хуманоста и добрината, разбирањето и човечноста, обидувајќи се да ја разбранува и совеста на сета цивилизација. Она што остава посебен впечаток и белег, умеење и знаење, тоа е фактот што Лира Бојку, ако пишува на својот мајчин албански, сама преведува и препејува и на македонски јазик, што е реткост. И тоа со сите особености и нијанси на двата јазика. Така е и со оваа книга „Сакав да ти кажам“, (озаглавена преку наслов на една од песните во неа.) Тоа е и доблест и умеење, и образованост и поткованост, но и познавање на својот видокруг и мотивската материја. Тоа ја прави интелектуалец, арно ама и исклучителен автор во подем на два народа кои живеат во заедница. А и со право ќе очекуваме да ни остава вредни дела кои подеднакво добро ќе ја претставуваат и пред албанската, но и пред македонската читателска публика. Нејзините нови наслови допрва ќе дојдат“, напиша Горјан Петревски.