Промоција на “Ноќниот ум“ од Стефан Велковски
01.11.2013 08:57
| KumanovoNews
Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ во понеделник во 19.30 часот ќе биде промовирана книгата “Ноќниот ум“ од младиот автор Стефан Велковски.

Промотор и водител ќе биде актерот Ивица Димитријевиќ. Велковски пишува поезија, кратки раскази, сценарија и драмски текстови. За него критичарите велат дека е нова поетска надеж во Македонија.
Роден е на 9 јануари 1995 година во Куманово и студира општа и компаративна книжевност на факултетот “Блаже Конески“.