Промоција на “Одгласувања на човечкото“ од Стефан Симиќ
25.06.2014 07:24
| KumanovoNews
Во фоајето на Центарот за култура “Трајко Прокопиев“, вечерва во 19 часот ќе биде промовирана книгата “Одгласувања на човечкото“ на Стефан Симиќ.
Авторот е роден на 12 февруари 1989 година во Параќин, соседна Србија. Студирал во Белград на Филозофскиот факултет. Иако се работи за млад писател тој има неколку книги зад себе и добил многу позитивни критики од литературните критичари.