Промоција на поетски алманах во Крива Паланка
07.08.2014 10:24
| KumanovoNews
Друштвото на писатели Куманово вечерва во 18.30 часот во Градскиот музеј во Крива Паланка ќе го промовира 4 - от по ред алманах.

„Оваа промоција ја правиме со соработка со музејот и литературниот клуб од Крива Паланка и практично ова е прва промоција на алманахот по градови. Досега го промовираме во медиумите. Специфично за него е тоа што е повеќејазичен, има творби на 11 јазици„, - рече Божана Трајковска, претседател на Друштво на писатели Куманово.
Трајковска вели дека во септември ќе бидат собрани материјалите за издавање на 5 - от поетски алманах.