Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Касапски круг утревечер во 19.30 часот, ќе биде промовирана книгата “Разумни сили“ од Ѓорѓи Филипов.
Промотор ќе биде Милован Стефановски. Книгата" Разумни сили" содржи куси написи и лични доживувања или размислувања на темите: љубов, мудрост, доблест, вистина и правда, наречени "Разумни сили кај човекот ". Авторот на поимите не им пристапува од теолошки, религиозен, социолошки или филозофски аспект, туку од литературна, прозно‐поетска гледна точка, со што тие добиваат една поинаква , динамичка компонента, подеднакво станувајќи привлечни и за љубителите на белетристиката.