×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Промоција на романот „На пат во времето“ од Петре Наковски

    13.04.2011 10:23 | KumanovoNews

     Во организација на Сојузот на Македонците од Егејот “МАКЕДОН“ и Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија „Наше огниште“ од Куманово, утре во 19 часот, во Центарот за култура  “Трајко Прокопиев“ во Куманово ќе се одржи промоција на романот „На пат во времето“ од Петре Наковски.

    Промоција на романот „На пат во времето“ од Петре Наковски

     Промотор на романот е претседателот на Светскиот Македонски Конгрес Тодор Петров.

    Петре Наковски е романсиер и преведувач. Роден е на 17 јули 1937 година во село Крчишта, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија. Педагошки ликеј завршил во Полска, а Филолошки факултет во Македонија. Докторирал на Институтот за политички науки на Вроцлавскиот универзитет во Полска. Бил новинар во весниците „Вечер“ и „Нова Македонија“, а работел во Министерството за надворешни работи. Петре Наковски е прв амбасадор на Македонија како самостојна и суверена држава во Полска. Oд 1989 година член е на Друштвото на писателите на Македонија. Автор е на романите: „Постела за чемерните“, „И каменот е земја“, „Големата удолница“, „Големата измама“ и „На пат во времето“.