Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Градската библиотека “Тане Георгиевски„ утревечер во 19 часот, ќе биде промовирана стихозбирката “Моите веди“ од Вера Чејковска.
Оваа книга ја доби наградата “Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезија. Промотор ќе биде Наташа Аврамовска, научен советник, а водител ќе биде актерката Кети Дончевска Илиќ.
Чејковска е поет и есеист. Родена е на 16 октомври 1954 година во Скопје. Завршила Природно-математички факултет во Скопје. Постдипломски студии по Физика на внатрешноста на земјата завршила во Загреб. Автор е на книгите: „Човек и врата“, “Множење на словото“, „Опит“, “Отсуство на Благиот“ и други.