Прoмовиран прекуграничен проект од пола милион евра
Проект од 500.000 евра ќе се реализира во наредните две години за подобрување на условите за хендикепирани деца во училиштата во североисточниот и бугарскиот пограничен регион.
Проектот “Сите деца учат заедно - прекугранична мрежа за инклузивни училишта“, денеска го презентираше Центарот за развој на североисточен плански регион.
Со овој проект рампи и тоалети за деца со хендикеп ќе добија основните училишта „Толи Зордумис„ и „Бајрам Шабани„ од Куманово, „Дитари„ во Липково, „Кочо Рацин„ во Кратово, „Јоаким Крчовски„ во Крива Паланка, „Христија Тодоровски Карпош„ во Ранковце и „Светозар Марковиќ„ во Старо Нагоричане, како и училишта и општината Дупница, Бугарија.
Ќе отстраниме бариера за децата во колички за да се качат на 1, 2, 3 кат и кои отежнато одат во тоалет. Главна цел е да се подобри инфраструктурата во училиштата. Во сите 6 општини ќе биде опфатено по едно училиште, а во Куманово поради големината ќе бидат две училишта. - изјави Младен Протиќ, раководител на Центар за развој на североисточен плански регион.
Во меѓувреме за наставниците ќе има обуки за тоа како да работат со овие деца по европски стандарди.