×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Промовирана "Балканвавилонци" од Луан Старова

    30.10.2015 10:07 | KumanovoNews

    Во Градската библиотека "Тане Георгиевски" синоќа беше промовиран романот "Балканвавилонци" од академик Луан Старова.

    Промовирана "Балканвавилонци" од Луан Старова

    Овој роман од Утрински весник беше прогласен за  Роман на годината за 2014 година. Старова вели дека делото е во рамки на една поголема сага на која работи со години.

    Тој е дел од една поголема балканска книжевна сага која ја пишувам од 90- те години до денес. Досега се објавени 12 романи од оваа сага и таа е во процес на натамошно создавање. Во неа главно третирам едно семејство на Балканот во текот на еден век. Таткото на синот нараторот му кажува за своите 50 години, а тој продолжува со уште 50 години - вели авторот.

    Промоторот Владимир Мартиновски рече дека „Балканвавилонци“ е роман енциклопедија.

    Срдечно го препорачувам романот на сите кумановски читатели. Тој доби престижна награда. Јас ја имав таа чест да бидам во комисија и навистина романот се издвојува како вонвременско остварување. Тој се надоврзува на 11 други романи - рече промоторот.

    Романите на Старова се преведени на повеќе странски јазици. Оваа промоција е во рамки на одбележувањето 70 години работа на библиотеката.