×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Промовирана книга за ромската култура и обичаите

    24.06.2014 10:14 | KumanovoNews

     Во Градската библиотека денеска беше промовирана книгата “Етничките и културните карактеристики на Ромите во Македонија“ од авторот Трајко Петровски.

    Промовирана книга за ромската култура и обичаите

    Книгата е докторска дисертација на Петровски на Филозофскиот факултет во Загреб и содржи многу информации за потеклото, обичаите, културата, фолклорот, јазикот, миграциите на Ромите. Петровски вели дека оваа книга треба да ја има секое ромско семејство.

      - За одредени групи на Роми во Охрид и Шуто Оризари се верува дека се дојдени уште во стариот век со Александар Македонски. Миграции имало во 4 век кога била преселбата на народите, во 6,7, а најголема миграција се случува во 14 век со доаѓањето на Турците на Балканот. И во поново време има миграции, но ние зборуваме за класичните миграции. На Балканот, Македонија и Србија заедно со народите кои живеат тука се најсакан терен каде Ромите се добро пречекани и се чувствувале како во Индија - изјави Петровски.

    Книгата е плод на долгогодишно истражување и собирање на информации во ромските населби во Македонија.

      - Ова е втора официјална промоција по онаа во Шуто Оризари. Се надевам дека книгата ќе наиде на топол прием кај читателската публика не само од ромската националност, туку и кај останатите луѓе кои се интересираат за фолклорот, обичаите, културата на сите народи кои живеат на Балканот и пошироко - вели промоторот Зоранчо Малинов од Институтот за фолклор “Марко Цепенков“ од Скопје.

    За Ромите беше кажано дека се распространети во многу земји, на сите континенти, а во Македонија ги има и во источниот и во западниот дел од земјата.

    Промоцијата е организирана во соработка со Национален ромски центар Куманово.