×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Промовирана книгата „Мостови на убавината“ на Кристина Николовска

    17.02.2020 14:25 | KumanovoNews

    Авторката вели дека инспирација за новата книга е писателот за деца Стојан Тарапуза.

    Промовирана книгата „Мостови на убавината“ на Кристина Николовска

    Во Основното училиште „Крсте Мисирков“ во Куманово, денес беше промовирана книгата „Мостови на убавината“ од универзитетската професорка Кристина Николовска.

    Инспирацијата за пишување на оваа книга, авторката ја добила од творештвото на еден од најпознатите писатели за деца Стојан Тарапуза, поконкретно од неговата книга за деца „Насликано време“ која ја има добиено наградата за најдобра книга за деца за 2014 година од Друштвото на писателите на Македонија.

    Оваа книга е составена како текст од четири мали студии, на крајот „зачинета“ со интервју со самиот писател и претставува интересно и едукативно четиво не само за децата, туку и за нивните родители, воспитувачи, професори и наставници .

            - Овој текст е конципиран како текст на четири мали студии за Стојан Тарапуза, за неговото поново творештво. На крај има едно убаво интервју, односно разговор што професорката го води со Стојан Тарапуза. Ова е нејзино читање на таа негова поезија, мислам дека ќе биде многу интересно и полезно, бидејќи Стојан Тарапуза и покрај тоа што  многу одмана твори, се` уште е свеж со своите песнички и музички играрии, така што може да биде полезен за наставниците коишто работат на поeзијата на Стојан Тарапуза, - рече на промоцијата професорката Весна Мојсова Чепишевска.

    Авторката Кристина Николовска, вели дека за неа Стојан Тарапуза направил голема мисија во литературата затоа што просветлил голем број на генерации, па затоа и се зафатила со ваков подвиг во кој на децата сака да им ја доближи поезијата поблиску и да им ја покаже едукативната страна на стиховите.

    -          Јас се инспирирав од творештвото на Стојан Тарапуза, кога тој ја објави книгата „Насликано време“ која доби награда од ДПМ. За мене беше тој волшебен, чудесен игрозборец којшто создава не само нови стихови, туку е крал на римата. Сметам дека тој направи една голема мисија во литературата за деца, бидејќи тој океан на стихови просветли голем број на деца. Во книгата водиме и еден разговор со поетот, каде јас го прашувам како потекува поезијата од него, што можат поетите, а не може никој друг, зошто децата се музика според него, што се всушност прашањата, кои се стапиците во литературата за децата и млади. Такви чудни и интересни прашања,- објаснува авторката.

    Таа, воедно додава и дека книгата нуди извонредни одговори кои освен што се едукативни го опфаќаат и културниот контекст во кој живееме. 

    Промоцијата е во организација на Градската библиотека  „Тане Георгиевски“.